Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Стефен Кари, ќе паузира најмалку една недела поради повреда на задниот дел на бутниот мускул на левата нога, соопшти клубот.
Кари се повреди во текот на првиот натпревар од серијата против Минесота тимбервулвс во полуфиналето на плејофот на Западната конференција. Тој го напушти теренот во средината на втората четвртина, а дотогаш веќе имаше 13 поени само за 13 минути и му помогна на својот тим да стигне до важна победа од 99-88 и поведе со 1:0 во серијата.
Сепак, отсуството на Кари е сериозен удар за Голден стејт вориорс. Вториот натпревар се игра рано наутро, а токму поради ова Минесота според квотите е голем фаворит.
Покрај стандардните квоти, во Полноќниот експрес на Sport Life се подготвени и квоти за индивидуалниот ефект на кошаркарите, за постигнати поени, асистенции, скокови и уфрлени тројки.
