Може ли Халанд да го повтори чудото на Валверде? Квота 10 за првата ѕвезда на Сити да даде три гола

Реал Мадрид со огромна предност од 3:0 допатува во Манчестер, каде што вечерва ќе гостува кај Сити во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Кралевите никогаш не испуштиле ваква предност во нокаут-пресметка во европските купови, што значи дека англискиот тим едноставно има невозможна мисија.

Федерико Валверде беше херојот на Реал пред една недела откако ги постигна сите три гола. Сега Валверде да го даде првиот гол е со квота 12, а пак да има хет-трик е со неверојатна квота од 100. Сепак, Реал нема да има многу потреба да напаѓа затоа што има залиха од три погодоци. Граѓаните се надеваат дека конечно ќе се „разбуди“ нивниот главен адут во нападот, Ерлинг Халанд. Норвешкиот голгетер да постигне хет-трик вечерва е со коефициент 10.

Тука се и многуте интересни статистички игри, па може да одиграте за бројот на доделени жолти картони, упатени удари во рамките на голот, изведени корнери, направени фаули, „уловени“ офсајд-позиции…

Најголемото изненадување во Лигата на шампионите за оваа сезона е тимот на Бодо/Глимт. Норвешкиот првак во претходната фаза го елиминира Интер, а сега е на прагот да оди во четвртфиналето затоа што има предност од 3:0 по првиот меч против Спортинг Лисабон.

Бодо/Глимт има неверојатни пет победи по ред во ЛШ и тоа остварени против Манчестер сити, Атлетико Мадрид, двапати против Интер и последната против Спортинг. Луис Суарес и Франциско Тринкао треба да бидат главните адути на Спортинг во обид да се достигне негативата од пред една недела.

- Оглас -

Најнови вести