Хвича Кварацхелија е во неверојатна форма, го предводи Наполи кон титула во Серија А, и ќе биде силен кандидат за „Златната топка“, особено ако Наполи стигне до крај и во Лигата на шампионите, но дали може такво признание да добие некој што е од нефудбалска земја како Грузија?
Анализа на оваа тема направи „Марка“.
Досега единствен пример на фудбалер кој бил прогласен за најдобар на светот, а бил од земја со понизок рејтинг од тој на Грузија (во моментов е 78-ма), е Џорџ Веа од Либерија. Веа е единствен Африканец кој добил „Златна топка“, па за Квара има надеж дека ако остане во топ форма, дека може да го добие и најголемото индивидуално признание.