Може ли Италија со рекорден број голови да тргне во одбрана на светскиот трон?

9237 Јужна Африка – Италија (18 часот)

На стартот од Светското првенство во ватерполо, актуелниот шампион Италија наиде на најлесниот можен противник во првото коло, селекцијата на Јужна Африка, која на минатиот планетарен собир во три меча прими 54 гола.

Аѕурите може да бркаат и светски рекорд по број на голови, кој го држи Хрватска со 35 погодоци од 1994 година. Границата на голови која ја нуди Sport Life е 24,5, што е за 10 гола помалку, а бранителот на светскиот трон ќе сака да го отвори првенството во голем стил.

Предлог тип: >24,5 гола (1.85)

 

6202 Словачка У-19 – Италија У-19 (17:30 часот)

Надежите на Словачка стравуваат од нов дебакл по тешкиот пораз од Германија со 0-5, додека Италија брка пласман во нокаут-фазата на Европското првенство за играчи до 19 години.

И пред три години овие две селекции се сретнаа во групите, Аѕурите беа подобри со 3-0, резултат кој може лесно да се повтори, особено ако се знае дека Словачка загуби двапати во последните три натпревари.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.67)

 

6721 Романија У-19 – Германија У-19 (20 часот)

Германците како фаворити заедно со Италија во групата А, вечерва треба да го обезбедат пласманот  во нокаут-фазата. Поранешните генерации на овие селекции се сретнаа само еднаш, во 2009 година, кога Триколорите лесно славеа со 3-0.

Сличен исход се очекува и сега бидејќи надежите на Романија бележат негативен биланс од три порази во последните пет меча и се тотални аутсајдери во овој дуел.

Предлог тип: 2 & T2 3+ (2.07)

 

6723 Левадија Талин – Викингур Рејкјавик (21:30 часот)

Нема фаворит во претквалификацискиот дуел со кој ќе се означи стартот на новата сезона во ЛШ. Левадија и Викингур имаат подеднакви шанси за исчекор кон квалификациите, особено што првпат се среќаваат на меѓународната сцена.

Домаќините се во одлична форма со седум победи и две ремија во последните 9 меча во естонскиот шампионат, но и Викингур бележи низа од четири триумфи остварени во исландското првенство. И двете екипи се добро расположени и подготвени да редат погодоци, што нам ни одговара.

Предлог тип: 3+ (2.0)

 

7127 Ник Кирјос – Лазло Ѓере (16:30 часот)

Од турнирот во Хале, Кирјос и Ѓере се преселија во Мајорка, каде што се загреваат за Вимблдон, па може да се очекува меч со многу гемови.

Првпат овие тенисери ќе ги одмерат силите меѓу себе, а Кирјос како 45-ти најдобар тенисер е за нијанса во подобра форма од 10 места послабиот српски тенисер.

Доколку во првиот сет има повеќе од 9 гема, има шанси мечот да трае подолго од очекуваното.

Предлог тип: >21,5 гемови (1.85)

 

 

- Оглас -

Најнови вести