Moже ли комбинацијата фудбал – бејзбол да ни донесе среќа преку ноќ?

Веракруз – Круз Азул (04ч – Прва лига Мексико, втора полусезона, деветто коло)

Тимот на Веракруз веќе со месеци не може да излезе од кризата. Последна победа забележа во февруари годинава, поточно 16 меча Веракруз е без позитивен резултат, а само во два наврати успеа да избегне пораз. Од оваа долга и катастрофална серија гостите може само да искористат и да го подобрат учинокот во овој втор дел од сезоната во мексиканската лига.

Круз Азул на последните две гостувања кај вечерашниот противник успеа да издвои четири бода, а ако се гледаат севкупно последните пет меѓусебни дуели, Круз Азул победи на три од нив. Ретко се случува дуел на овие две екипи да заврши со мал број на погодоци, па затоа ќе очекуваме ноќеска да се игра отворен фудбал и да се искористат шансите за гол.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.28)

 

Tоронто блу џејс – Њујорк јенкис (01:07ч – МЛБ лига)

На 12 меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, полека се оформува костурот за разигрувањата, а гигантот од Њујорк не се грижи за својот пласман дека веќе извесно време е обезбеден. Јенкис се неприкосновени во својата конференција, а во изминатиов период забележаа учинок од 7-3 во последните 10 меча. Сосема различна форма има тимот на Торонто. Само две победи од 10 меча, форма која ги прави четврти најслаб тим во американската конференција.

Пред еден месец кога се сретнаа овие две екипи, Торонто успеа на двапати пред домашни навивачи да ги совлада популарните Јенки, но тоа се единствените добри резултати во вкупно 10-те последни средби за канадскиот состав. Сепак, ќе играат за престиж бидејќи секогаш е убаво да се совлада најдобриот тим во лигата.

Предлог тип: <10.5 поени (1.90)

 

Кливленд индијанс – Минесота твинс (01:10ч – МЛБ лига)

Кливленд влезе во серија од четири победи на последователните гостувања во Ел – еј, па сега таа форма треба да се пресене и на домашен терен и да се совлада тимот кој им бега за три победи на табелата во американската конференција.

Минесота е во турбулентна форма, а се чини дека на играчите на Твинс им падна самодовербата по тешките порази на домашен терен од Вашингтон. Не им оди во прилог ниту меѓусебниот учинок против Индијанците, во кој Минесота само двапати славеше над Кливленд во последните осум меча. Во тие осум меча само еднаш се реализираа 10 или повеќе поени, па ниту ноќеска не би требало да се игра на висок учинок.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Њујорк метс – ЛА  доџерс (1:10ч – МЛБ лига)

Доџерс многу веројатно од лидерската позиција во националната конференција ќе патува во разигрувањата. По 148 меча имаат 95 победи, дури 19 повеќе од Метс. Сепак, екипата од Њујорк е во серија од четири победи и не планира да стави крај на серијата, особено што тие триумфи се на домашен терен. Метс во тие успешни резултати довзоли вкупно четири поени, така што Доџерс се наоѓа пред голем предизвик да приреди изненадување иако на хартија се фаворити.

Во последните 10 меѓусебни средби, Доџерс има учинок од 7-3, а тоа е статистиката која им дава надеж дека ноќеска ќе забележат резултат во нивна корист.

Предлог тип: 1 (2.05)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести