Може ли Ландо Норис да победи на домашната трка на Макс Ферстапен?

Големата награда на Холандија треба да даде одговор на неколку многу важни прашања за распределбата на силите на врвот на пласманот за втората половина од сезоната во Формула 1. Првото прашање е особено интересно: Ќе успее ли Ландо Норис да победи на домашната трка на Макс Ферстапен, каде што тој има три последовни победи од 2021 година?

Во симулациите на тркачкото темпо со средно тврди и меки гуми во петокот се покажа дека Мекларен има предност – малку повеќе од 0,3 секунди по круг во споредба со Ред Бул. Близу до светските шампиони е и Мерцедес, но таму разликата е околу половина секунда.

Во квалификациите вчера, Ферстапен успеа да ги раздели двата болиди на Мекларен за да не бидат на првата линија, но потоа призна дека немал можност за нешто повеќе и ги отфрли прашањата за тоа дали ќе може денес да се бори за победата.
„Да бидеме реални“, нагласи Верстапен, што ги разочара неговите навивачи.

Во исто време, Ферстапен има среќа што денесја се трка против Ландо Норис и Мекларен, кои можеби се најбрзата комбинација на патеката од Мајами наваму, но исто така, Британецот изгубил повеќе трки отколку што победил кога стартувал од првата линија.


Ако Норис и Пјастри ги искористат целосно подобрените можности на MCL38, Макс ќе мора да води многу тешка битка во која нема да биде фаворит. Всушност, од почетокот на викендот, светскиот шампион редовно успева да постигне повеќе од тоа што му дозволува автомобилот. Да видиме до каде ќе стигне.

Зад Мерцедес има исклучително интересна група возачи со многу мали разлики, и битката во топ 10 ветува да биде една од најинтересните што сезоната 2024 може да им ги понуди на фановите.

„Зандвоорт“ е техничка и тешка патека, можеби и денеска ветерот ќе биде важен фактор, а што се однесува до дождот, возачите и инженерите веќе споделија дека има моменти кога се разочарани ако не врне, бидејќи убавото време тешко се прифаќа како нормално.

Луис Хамилтон беше казнет со три места назад на стартот. Ќе биде интересно да видиме дали Норис ќе го предизвика Ферстапен при обновувањето на сезоната во Формула 1 и дали Мекларен ќе биде големиот лидер, или Ред Бул ќе најде начин да остане на врвот. Исто така, интересно ќе биде да се види каде се наоѓа Мерцедес со Џорџ Расел во водечка улога.

Се разбира, уште повозбодлива ќе биде трката за ГН на Холандија, ако ги вметнете и квотите што ги нуди Sport Life, за комплетна забава. Можете да се обложите на „милион“ работи, на возач победник, кој ќе биде на подиумот, победник меѓу констуктори, кој ќе вози најбрзиот круг…

- Оглас -

Најнови вести