Може ли Лион – Лил пак да заврши 2:2?

Барнли – Манчестер сити (21:15 ч.)

Нема дилеми, гостите се големи фаворити за победа. Граѓаните веќе направија неколку киксови и заостануваат 11 бода зад лидерот Ливерпул, но тренерот Пеп Гвардиола најави дека нема откажување од трката за титулата. На последните осум меча, Сити се радувал седум пати против Барнли, кој сезонава е со четири победи и три порази на свој терен.

Гостите се мотивирани, но Барнли не е тим кој треба да се потцени.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

Лион – Лил (21:05 ч.)

Дерби на 16-тото коло во Франција. Двете екипи имаат по 22 бода, но се на два бода од третопласираниот Анже. Лион дома во 7 меча прими само 4 гола, но има два порази и две ремија, што покажува дека „распродаваат“ бодови. Среќа за домаќините е тоа што Лил е најслаб гостин и во 7 меча има освоено само два бода.

На последните меѓусебни пет меча секогаш имало најмалку по три гола, а интересно е што последните три меча завршиле со идентичен резултат 2:2. Лион три години чека на победа против овој ривал.

Предлог тип: 1& ГГ (3.95)

 

Антверпен – Генк (20:45 ч.)

Антверпен сезонава блеска на свој терен, па во осум средби има седум победи и само едно реми, без пораз. Гол-разликата е 20:8, што го прави тимот да биде најдобар домаќин во Белгија. Генк игра во Лигата на шампионите, во првенството, а сега и средбата од Купот е дополнителен товар во пренатрупаниот распоред.

Генк има само една победа во последните 10 средби, што само потврдува дека екипата не е подготвена да го следи пеколното темпо.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.07)

 

Џенова – Асколи (18 ч.)

Џенова е во очајна форма и има само една победа во последните 14 меча, во кои нанижа 10 порази. Дуелот против Асколи во Купот е можност само за втора радост во последните три месеци. Асколи игра солидно во Серија Б, но на гости е само со една победа во седум средби.

Овие два тима немаат играно повеќе од 10 години. Последен пат се сретнале во 2007 година во Купот, кога било 2:2, а потоа Асколи се радувал на победа од 3:2 по продолженијата. Сега домаќините ја имаат улогата на фаворити, а фактот дека Џенова нема дадено повеќе од еден гол на последните 13 меча, најавува дека не би требало да има многу возбудувања, иако традициите постојат за да се рушат.

Предлог тип: 1&0-3 (2.08)

 

Ковиља – Бенфика (21:15 ч.)

Во Купот, Бенфика најчесто игра со играчите кои добиваат помалку шанса во првенството и во Лигата на шампионите, но фактот дека играат против второлигаш ги прави фаворити. Ковиља нема победа на четирите последни меча во втората лига, па тешко дека против Бенфика може да се радуваат.

Предлог тип: 3+ (1.73)

Во денешната понуда на Sport Life во квоти на денот се:

Бордо – Ним 1X&2-4 (2.10)

Лион – Лил Т1 1+I&T1 2+ (2.60)

Барнли – Манчестер сити Т2 3-5 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести