Може ли Ливерпул да го повтори ланскиот учинок против Челзи?

Премиер лигата уште во второто коло чести големо дерби кое денес во 17:30 часот ќе се одигра на „Стемфорд бриџ“. Челзи го пречекува актуелниот англиски шампион Ливерпул, во меч кој се очекува да биде исполнет со погодоци и атрактивна игра на двете екипи.

Ривалите четирипати ги одмерија силите во ланската сезона, а Ливерпул се радуваше во три средби. Прво во пенал-рулетот Црвените го освоија европскиот Суперкуп, па помалку од еден месец подоцна тимот на Јирген Клоп со цел плен си замина од Лондон при конечни 2-1.

Челзи доби прилика да се реваншира во ФА купот, па славеше со 2-0 пред да се случи пандемијата со корона-вирусот. Откако сезоната продолжи, повратниот лигашки дуел кој беше закажан на „Енфилд“ се одигра во претпоследното коло, а Ливерпул по убедливите 5-3 во последниот меч на домашен терен ја кренаа титулата.

Така Ливерпул стана третиот тим кој во минатата сезона оствари двојна победа против Челзи во Премиер лигата, по Вест хем и Манчестер јунајтед.

Токму со триумфот од 2-0 во ФА купот, Челзи отвори серија од шест победи на домашен терен со гол разлика 14-1. Со ог.лед на тоа дека Ливерпул само еднаш загуби на последните пет гостувања на „Стемфорд бриџ“ во рамки од Премиер лигата, попладне се очекува спектакл и лавовска битка за трите бода.

- Оглас -

Најнови вести