На НБА терените вечерва се играат три натпревари, а во фокусот ќе биде пресметката меѓу досега најдобриот тим во лигата, Кливленд кавалирс, и Милвоки бакс, кој е освојувач на НБА купот. Може ли тимот на Јанис Адетокумпо да ги изненади Коњаниците во Кливленд?
Квотите велат дека Кливленд е сериозен фаворит, но во НБА лигата секогаш е сѐ возможно.
Покрај овој дуел, на програмата се уште два меча, Филаделфија го пречекува Шарлот, а Мајами хит е домаќин на Оклахома сити тандер.
Покрај стандардните квоти, можете да се обложите и на индивидуалниот ефект на кошаркарите.