36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Може ли Манчестер сити третпат во низа да загуби во Англија?

Новото шесто коло на Спортска прогноза веќе започна. Дуели од најатрактивните европски првенства се дел од менито на кое има вкупно 13 натпревари, кои се предизвик да се погодат фиксовите.

Дека има квалитетни прогнозери кои се многу блиску до перфектни 13 погодоци, се потврди уште еднаш во претходното коло, кога двајца играчи на оваа бесплатна игра успеаја точно да прогнозираат 11 фикса, па заслужено си заработија вредносни ваучери по 500 денари од Sport Life.

Главната цел во секое коло е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се прогнозираат точно сите 13 фикса од понудените натпревари. Со 13 погодени натпревари се добива еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 500-че вредат 11 погодени фикса.

Во новото коло најатрактивен меч за прогнозирање е англиското дерби меѓу Арсенал и Манчестер сити. Граѓаните беа елиминирани од Њукасл во Лига купот, а потоа загубија и од Вулверхемптон во првенството, но и покрај тоа, уште се лидери во Премиер лигата со 18 бода. Арсенал е без пораз во првите седум меча (пет победи и две ремија) и со 17 бода е веднаш зад шампионот.

Секако, тука се уште 12 интересни меча кои може да ги видите во понудата и да прогнозирате.

- Оглас -

Најнови вести