Може ли со пет минуси во НБА да се дојде до претновогодишна добивка?

8001 Џејсон Тејтум (Бостон селтикс – Мемфис гризлис, 01:30ч)

Тејтум ноќеска против Индијана застана точно на границата од 26,5 поени, односно заврши со 27 поени во победата. Сепак, уморот ќе ја стигне ѕвездата на Келтите, па ноќта меѓу вторник и среда против Мемфис може и да потфрли во обидот да стигне до својот овосезонски просек.

Во ланската сезона Бостон ги доби двете средби против Гризлите, во првата средба како домаќини, ѕвездата на Келтите постигна 23 поени. Сега потвторно во таква улога се чини дека нема максимално да се троши за неговата екипа да оствари позитивен резултат.

Предлог тип: Тејтум <26,5 поени (1.95)

 

8396 Јанис Адетокумбо (Мајами хит – Милвоки бакс, 01:30ч)

Две вечери по ред ќе се сретнат ланските финалисти од Истокот, а Мајами ќе сака да се реваншира за потопот што го претрпе ноќеска. Елените триумфираа со убедливи 144:97, а чудно е како најкорисниот играч од минатата сезона, Јанис Адетокумбо, реализира само 9 поени од вкупно 144 на Милвоки.

Се виде дека Жешките не се на истото ниво како во подвигот до големото финале, а со оглед на тоа дека Џими Батлер повторно нема да игра, се очекува нова победа на Милвоки. И во таков случај, Адетокумбо со половина сила ќе го одигра и овој меч.

Предлог тип: Адетокумбо <27,5 поени (1.87)

 

8401 Лука Дончиќ (Далас маверикс – Шарлот хорнетс, 02:30ч)

Дончиќ во три натпревари сезонава само еднаш ја надмина границата од 30 поени, што не беше доволно кога Далас загуби од Феникс во премиерата од новата сезона. Маверикс вечерва се фаворити против Шарлот, тимот кој игра сè подобро од меч во меч, но за домаќините да ја оправдаат улогата, нема да се потпрат само на сензационалниот Словенец.

Дончиќ не мора да реализира повеќе од 30 поени за да ја донесе втората победа на Далас.

Предлог тип: Дончиќ <30,5 поени (1.90)

 

8425 Леброн Џејмс (Сан Антонио спарс – ЛА лејкерс, 02:30ч)

Воведниот дел од сезоната е период во кој Џејмс не игра на високо ниво, но и тоа како знае да биде лидер на екипата и кога не реализира по 30 или 40 поени. Засега просекот на Кралот стои на 23,5 поени, граница која веројатно не ќе мора вечерва да ја надмине против Спарс.

Леброн воедно се мачи со мала повреда на глуждот и дефинитивно нема да вложува многу напор, па затоа цел товар ќе се префрли на втората ѕвезда на Лејкерси, Ентони Дејвис.

Предлог тип: Џејмс <23,5 поени (1.87)

 

8437 Ивица Зубац (ЛА клиперс – Портланд трејлблејзерс, 04ч)

Хрватскиот центар ноќеска ќе наиде на босанскиот „ѕвер“ Јусуф Нуркиќ, кој е неприкосновен под обрачите. Поради тоа, Зубац нема да има добар настап против Портланд, што подразбира дека ќе му биде тешко да стигне до учинокот од 10 поени.

Иако во претходните четири натпревари речиси редовно Зубац завршуваше со просечен учинок, овојпат тоа нема да биде случајот.

Предлог тип: Зубац <9,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести