Рафаел Надал синоќа се израдува на илјадитата победа во кариерата и со тоа влезе во едно елитно друштво во кое досега беа само тројца тенисери во историјата. Џими Конорс е рекордер по бројот на победи, потоа следува Роџер Федерер, трет на листата е Иван Лендл, а сега во ова одбрано друштво е и Надал. За тоа колку победи во кариерата имаат Топ 3 играчите на сите времиња, може да прочитате ТУКА.
На петтото место на листата на тенисери со најмногу победи е актуелниот број 1 на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер во кариерата досега има 932 триумфи и потребни му се уште 68 победи за да стигне до четирицифрен број на успеси на тениските терени.
Ако нема некои потешки повреди или одложувања на тениските турнири, популарниот Ноле треба да стигне до илјадитата победа во следната сезона.