Бруклин нетс забележа многу важна победа против Кливленд кавалирс со 118:107 и ако задутре ја надигра Индијана ќе го заврши регуларниот дел во НБА на седмото место, што е многу важно за полесно учество во плејофот.
Мрежичките имаат ист биланс со Кливленд од 43 победи и 38 порази, но ќе бидат пред ривалот поради подобар меѓусебен скор од 3:1 во победи.
Седмото место носи плејоф со само една победа во таканаречениот Плеј-ин турнир што ќе го играат екипите пласирани од 7-то до 10-то место, па затоа победата ноќеска на Дурант и соиграчите против Кливленд е исклучително важна.
Кавалирс се обидоа да му парираат на Бруклин во многу важен меч, но не успеаа да одговорат на одличната игра на домашниот тим.
Во еден момент од последната четвртина Нетс изведоа акција во стилот на фудбалската тики-така концепција.
Сите кошаркари на Бруклин ја допреа топката и со десеттина додавања меѓусебе му направија чист простор на Брус Браун да погоди тројка за предност од 105:97 и потоа и да победат со 11 поени разлика.
Basketball is so damn beautiful.
(via @NBA) pic.twitter.com/ORiu9VdG4v
— SLAM (@SLAMonline) April 9, 2022
Ако и двете екипи победат во последниот меч од регуларниот дел на сезоната, Бруклин против Индијана и Кливленд со Милвоки, тогаш ќе играат меѓусебе и на стартот од Плеј-ин турнирот меѓусебе како 7-мо и осмопласирани екипи.
Во таков случај Бруклин би бил домаќин и со триумф ќе биде на седмата позиција во плејофот и во првото коло би играл со Милвоки, или Бостон, во зависност која од овие две екипи ќе биде на второто место на конечната табела.
Кливленд со пораз од Бруклин би играл меч за плејоф против победникот од дуелот Атланта и Чикаго и во случај на триумф на тој меч би го завземал осмото место пред плејофот за судир со Мајами хит во првото коло од доигрувањето за титулата во НБА лигата.