21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Може ли Тотенхем до титула по 59 години? Не се згодни за гледање, но имаат победнички менталитет

Тотенхем е екипа што не е згодна за гледање, но игра фудбал на резултат, за победи и бодови и засега тој стил на игра им дава резултати, вели Џејми Реднап, поранешната фудбалска ѕвезда во Премиер лигата.

„Оваа ситуација многу ме потсетува на времето кога Жозе Мурињо за првпат дојде во Челзи во 2004 година. Ги натера фудбалерите да му веруваат бескрајно и да веруваат во себе дека можат да бидат шампиони. Не играа убаво за око, но беа двапати прваци на Англија и освоија вкупно шест пехари до 2007 година. Овој Тотенхем, стилот на игра и Жозе Мурињо се како копија на Челзи“, вели Реднап.

Тотенхем по 11 кола во Премиер лигата, има 24 бода на делба на првото место со актуелниот англиски првак Ливерпул, а приказната со долгиот пост без титула им е слична.

Ливерпул лани го освои првиот пехар откако се игра Премиер лигата, а Црвените од „Енфилд роуд“ чекаа цели три децении за 19-тата шампионска круна во Англија.

Тотенхем чека уште подолго, последен пат беше првак на Англија во 1961 година, а Реднап верува дека тимот од Лондон може да го урне проклеството од над половина век без пехар и да биде шампион на Англија по третпат во 138-годишната историја на клубот од Северен Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести