Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, екипата на Струга Трим Лум ќе го пречека Вардар од 14 часот на стадионот покрај Охридското езеро, во меч од 20 коло на Прва фудбалска лига.
Струга ТЛ моментално е на петото место на табелата со 32 бодови, а Вардар е последнопласиран со само 13 бодови. Домаќинот ја има улогата на фаворит, а и традицијата е на страна на стружани, затоа што имаат три победи и само едно реми на свој терен во дуелите против Вардар.
Ова е единствениот меч од ова коло во Прва лига што се игра денеска. Останатите пет меча се играат утре, но веќе ги има во понудата на Sport Life.
Денеска од 14 часот се играат и дуелите од Втора лига.