По неколку децении, Вардар повторно е домаќин на Црвена ѕвезда. Иако е пријателски меч со хуманитарен карактер, секогаш е предизвик кога во Скопје гостува некогашниот европски и светски првак.
Црвена ѕвезда сезонава доминира во домашното првенство и на убедлив начин ја одбрани титулата. Во 31 натпревар во шампионатот на Србија, Црвена ѕвезда има 29 победи и само две нерешени средби, без ниту еден пораз.
Црвено-белите сезонава играа и во групната фаза од Лига на шампиони, каде најзабележителен резултати им беше убедливата победа од 5:1 против германскиот бундеслигаш Штутгарт.
Вардар сезонава се бори за освојување на трофејот во Купот на Македонија, а во првенството, главна цел е да се обезбеди опстанок.