Помалку изненадувачки, Макс Верстапен вчера заврши со најбрзо време на вториот слободен тренинг на патеката за Големата награда на Белгија. Зад возачот на Ред Бул беше Даниел Рикиардо од Рено, додека актуелниот шампион Луис Хамилтон имаше трето најдобро време.
Самиот Хамилтон е свесен дека возачите на Ред Бул имаат сили за добри резултати и вели дека борбата за титулата сигурно ќе биде интересна уште долго време.
„Факт е дека Ред Бул има одлични резултати и секоја трка се сè подобри и подобри. На квалификациите за стартната позиција ќе се обидеме да ги подобрите нашите времиња. Сезоната уште не е стигната ни до половина, па сигурно дека трката за титулата уште е актуелна“, рече Хамилтон, кој во кариерата има освоено 92 пол-позиции.
Хамилтон и сега е фаворит за пол-позицијата пред својот тимски колега Валтери Ботас, а токму Верстапен е возачот на кого му се даваат најголеми шанси дека може да ја сруши доминацијата на возачите на Мерцедес.