Може скапо да ги чини, иако не го купија – Има истрага против Јувентус за циркусот со Суарес

Јувентус може скапо да го чини неуспешната авантура со пропаднатиот ангажман на Луис Суарес, а иако на почетокот на истрагата Старата дама не беше вклучена во истрагата, сега работите се променија.

Суарес како фудбалер кој доаѓа од земја која не е европска полагаша за италијанско државјанство, па настана хаос, откако се откри дека ги имал добиено прашањата однапред и ги знаел и одговорите.

Тоа предизвика цела лавина сомнежи, бидејќи Суарес, кој е Уругваец многу лесно го положи тестот, иако слабо го владее италијанскиот јазик.

Истрагата ја води обвинителството, а на почетокот Селваџио Сари, шефот на полицијата изјави дека Јувентус како клуб не е проблемот во целата приказна и измама.

Сега се врти нов лист и ќе се истражувга дали луѓе од клубот кој е најтрофеен на Чизмата имале влијание за експресно положениот тест на Суарес, за кој подоцна се откри дека е измама.

Уругваецот си замина од Италија и потпиша за Атлетико Мадрид и сега пост-фестум може скапо да го чини Јувентус, иако не стана негов член ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести