Можеа да водат со 4:1: Рома даде два гола и пропушти две луди шанси (Видео)

Со голот на Едисон Кавани, Манчестер јунајтед водеше со 1:0 на полувремето против Рома и делуваше дека вториот дел ќе биде само рутинско одработување на задачата за пласман во финалето. Сепак, на почетокот на второто полувреме, играчите на Рома заиграа фантастично и тоа резултираше со два брзи гола.

Един Џеко погоди со глава во 57-мата минута, а само три минути подоцна Кристанте погоди за целосен пресврт. Тој погодок ѝ даде сила на Волчицата, која продолжи да напаѓа.

Во следните две минути домаќините имаа две стоостотни шанси, но Давид де Хеа успеваше да одбрани од самата гол-линија.

https://streamable.com/4ul14k

Доколку Рома успееше да ги реализира и тие две шанси, ќе беше 4:1 за италијанскиот тим и ќе им требаше само уште еден гол за чудо. Само неколку минути подоцна, како што вели старото непишано правило, кога нема да се искористат шансите, следува казна, па Кавани со вториот гол вечерва израмни на 2:2 и ги сруши сите надежи на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести