Можеби 13-тото коло ќе ви донесе 13-ка на Спортска прогноза и „ајфон 11“

Новото коло на Спортска прогноза од вчера е подготвено за типување, а сабота, 15.30 часот, кога почнува мечот Арминија – Мајнц, е последниот термин до кој може да типувате и да комбинирате. Колото е 13-то сезонава, но тоа не значи дека ќе биде малерозно.

За да се добие главната награда „ајфон11“, потребно е да ги погодите сите 13 пара од основната понуда на популарната „Тринаесетка“. Тука се и стандардните два резервни пара кои се сметаат за Генералниот пласман.

Двојките комплетно се од натпревари во Топ-5 лигите во Европа, па задачата ќе биде полесна да се стигне до прекрасниот мобилен телефон што во секое коло го доделува Sport Life за погодени 13 пара. Се истакнуваат две дербија, саботното Севилја – Реал Мадрид и неделното Тотенхем – Арсенал.

Бидете и вие дел од армијата од околу 2.500 прогнозери кои стандарно играат месецов и чекајте убави награди.

За погодени 12 натпревари, се доделуваат ваучери во вредност од 1.000 денари, а со две утки добивате ваучер од 500 денари што може да се искористи за добитен тикет во најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести