10.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Можеби никогаш во историјата Македонија немала поголема квота да победи на еден меч

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за клучниот период од квалификациите за пласман на Светско првенство во 2026 година. Македонија моментално е лидер на табелата со 11 бода од пет меча, пред Белгија, која има 10 бода од четири средби. Со 10 бода е и Велс, но од пет натпревари и е на третото место на табелата. Казахстан со три бода е без шанси, а фенерџија е Лихтенштајн без бодови.

Следниот меч на Македонија е против Белгија во Гент на 10 октомври. Факт е дека Белгија е голем фаворит, а квотите во Sport Life велат дека ќе биде вистинско чудо Македонија да победи на ова гостување.

Можеби како никогаш досега, квотата за победа на Македонија е неверојатна и изнесува 20.3. Тоа значи дека само 50 денари влог, можната добивка за победа на Македонија е над 1.000 денари.

За непоправливите оптимисти, Македонија да води на полувреме на гостувањето кај Белгија и на крајот да победи се вреднува со коефициент од 35.

- Оглас -

Најнови вести