Дуелот на Осогово и Каменца Саса од Втората македонска лига – Исток донесе гол кој вреди да се види. Стрелец на погодокот е фудбалер со славно име, Благој Истатов. Тој е внук на легендарниот, сега покоен некогашен голман од Струмица.
Можеби Благој сакаше да нафрли, но летот на топката го измами голманот на Саса. Ова беше гол за 1-1, резултат кој се покажа како конечен.
Погледнете го голот, вреди да се види, ретки се вакви погодоци во нашите лиги:
https://twitter.com/i/status/1366441532606328842