Како што се приближува Африканскиот куп на нациите, така се вжештува атмосферата во Ливерпул околу прашањето кога нивниот главен играч Мохамед Салах ќе му се приклучи на националниот тим на Египет за да игра на африканското првенство.
Египетската ѕвезда ќе разговара со селекторот Хосам Хасан за да го дефинираат датумот кога Мо ќе им се приклучи.
Селекцијата на Египет планира пријателски натпревари против Обединетите Арапски Емирати (6 декември), против Јордан (9 декември) и против Нигерија (14 декември), како подготовка за шампионатот кој ќе се игра во Мароко од 21 декември до 18 јануари.
Ливерпул во тој период има гостување кај Лидс, патување во Италија за натпревар од Лигата на шампионите со Интер и домашен меч против Брајтон. Според англиските медиуми, Салах би сакал да остане со Црвените за тие натпревари и потоа да се му приклучи на националниот тим, но тоа би било одлука што би можела да предизвика тензии меѓу клубот и Египетската федерација.
Слична ситуација веќе се случи пред две години, кога Ливерпул и Египет успеаја да најдат компромис.
Пресметките покажуваат дека доколку Салах цело време биде со репрезентацијата, тој би можело да пропушти до осум натпревари на Ливерпул во сите натпреварувања, зависност од тоа колку далеку ќе стигне Египет во ова натпреварување.

