Можен ли е бојкот и Ѓоковиќ да остане сам на теренот во Мелбурн?

Драмата околу играњето на Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија продолжува. Сè поголем е бројот на оние кои се револтирани од однесувањето на Србинот, кој додека бил позитивен, наместо да седи во изолација, се шетал меѓу други луѓе.

Легендарниот италијански тенисер Никола Пјетранџели вели дека сите останати тенисери треба да го бојкотираат Ѓоковиќ.

„Според мене, тенисерите кои не се вакцинирани, не треба да добијат дозвола за настап на Отвореното првенство на Австралија. Ако сепак му се дозволи на Ѓоковиќ да настапи, тогаш сите останати тенисери треба да бојкотираат и да го остават Новак сам на теренот“, екстремен е Пјетранџели, кој пред педесетина години беше еден од најдобрите тенисери во светот.

- Оглас -

Најнови вести