Можеше да биде најдобар фудбалер на светот доколку не го „откриеше“ Мекдоналдс

Поранешниот бразилски репрезентативец Андерсон поради популарниот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ си ја уништи кариерата.

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон во 2007 година му плати на Порто 30 милиони евра за Андерсон, кој следната година беше прогласен за најдобар млад фудбалер и многумина му предвидуваа блескава иднина.

Но, Бразилецот наместо фудбалската топка, повеќе ги сакаше ноќните излети и брзата храна, поради што веќе три години е во пензија иако неговите врсници сè уште играат фудбал. Андерсон е роден во 1988 година.

„Се возевме со автомобил и тој оддеднаш ќе кажеше Мекдоналдс, Мекдоналдс. Тоа момче беш лудо иако сите го сакавме. Андерсон играше најдобро кога имавме повеќе натпревари во краток временски период бидејќи тогаш не можеше да јаде во Мекдоналдс. Можеше да биде најдобар фудбалер на светот, но едноставно повеќе ја сакаше брзата храна“, зборува Рафаел, соиграч на Андерсон од Манчестер јунајтед и бразилската репрезентација.

Андерсон за Манчестер јунајтед одигра 181 натпревар од 2007 до 2015 година, по што една сезона играше за Фиорентина. Потоа се врати во Бразил, каде што го носеше дресот на Интернасионал и Коритиба, а кариерата ја заврши во Турција, во екипата на Адана.

- Оглас -

Најнови вести