Можеше да добие ќотек: Храбар навивач го покажа дресот при радоста на голот на Жиру за победа (ВИДЕО)

Во саботата Интер и Милан одиграа возбудливо дерби, коешто со пресврт им припадна на „гостите“ со 2:1.

Оливие Жиру со два гола е херојот на Милан, со што трката за титулата во Серија А стана уште поинтересна. Два дена по овој натпревар се појави интересно видео кое доаѓа од трибините на „Џузепе Меаца“, каде што еден навивач ја соблече блузата и го покажа дресот со тимот за којшто навива.

Тој среде илјадниците фанови на Интер и Милан, извади дрес од Наполи, барем додека траеше видеото не се случи некој поголем инцидент, а за потоа навистина не знаеме.

- Оглас -

Најнови вести