Фудбалерот на Фортуна Ситард, Ален Халиловиќ доживеа тешка повреда на дуелот против Хераклес и мораше предвреме да го напушти теренот. Се играше 28 минута кога младиот 18-годишен гостински играч Матс Ротс стартуваше директно на ногата на Халиловиќ.
Од опасниот старт Халиловиќ остана да лежи на тревата и да се жали на повреда. Веднаш беше забележително дека противникот директно со крампоните удрил во ногата на Халиловиќ, но судијата воопшто не сакаше да гледа ВАР снимка и да му даде црвен картон на играчот кој фаулираше.
По мечот, Халиловиќ изјавил дека бил шокиран кога низ направената дупка на ногата можел да ја види коската. За среќа, потешка повреда на коската немало, а раната била затворена со неколку конци.