Можеше да му ја „скине“ главата (Видео)

Фаворизираниот Ал-Итихад потешко од очекувањата се пласира во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони откако со 2:1 го победи тимот на Навбахор од Узбекистан. Гостите изненадувачки поведоа со автоголот на Карим Бензема, но Ал-Итихад направи пресврт и со два гола стигна до победа која го одведе во следната фаза од ова елитно натпреварување.

Покрај погодоците, дуелот го одбележа и опасниот старт на гостинскиот играч Јован Ѓокиќ. Српскиот интернационалец несмасно, со високо крената нога и со отворен ѓон директно удри во главата на противничкиот играч. Очекувано, судијата веднаш му покажа црвен картон на Ѓокиќ.

Jovan Đokić red card vs Al Ittihad
byu/Elite_VRTX insoccer

- Оглас -

Најнови вести