Македонскиот претставник во крос-контри (нордиско скијање), Ставре Јада, го освои 83-тото место на денешната олимписка трка на 10 километри, во конкуренција на 113 натпреварувачи.

Јада имаше стартен број 79, тоа му беше рејтингот според пријавената норма, а патеката ја мина за 25 минути, 28 секунди и 9 стотинки, што беше за 4,52 минути послабо време од тоа на најбрзиот, Јоханес Клебо од Норвешка.
Послаби од Јада беа 28-мина, а имаше и по еден дисквалификуван и скијач кој не стигна до целта.

