Можете да го мразите ама Мурињо е голем хуманитарец: Во новата година тргна со помош за најзагрозените (ВИДЕО)

Жозе Мурињо со својата појава во фудбалкиот свет никого не оставил рамнодушен.

Актуелниот тренер на Рома веќе две децении е на големата фудбалска мапа и не планира наскоро да се повлече.

Мурињо во пресрет на новата година заедно со својот тренерски тим донесе огромни количини храна за најзагрозените луѓе во Рим, а тоа се бездомниците.

Тој со тренерите практично ги наполни центрите за оваа социјално загрозена категорија и барем колку-толку им ја разубави.

- Оглас -

Најнови вести