Можна ли е нова епска битка? Светот очекува трет меч меѓу Тајсон и Холифилд (Видео)

Ивандер Холифилд најави дека ќе се врати во рингот, но ќе боксува само во хуманитарни цели, а малку претходно и уште еден голем ас, Мајк Тајсон, најави камбек и објави дека целта му е иста, да им помогне на социјално загрозените категории луѓе.

Тоа веднаш ги подгреа шпекулациите за можен нов меч меѓу двајцата големи боксерски асови, па макар и ревијален и во хумани цели.

https://twitter.com/holyfield/status/1258136758799171592?s=20

Холифилд двапати го победи Тајсон во професионалната кариера, а особено возбудлив беше вториот меч во 1997 година. Тогаш Тајсон на двапати го гризна противникот и му откина дел од увото на Холифилд, а потоа беше и дисквалификуван.

Последниот меч во рингот Железниот Мајк го имаше во 2005 година, а моментно има 53 години. Холифилд е четири лета повозрасен и се прости од боксот во 2011 година.

 

- Оглас -

Најнови вести