-1.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Можни голеади во Лондон и Лајпциг, не и во Торино

1006 Тотенхем – Ливерпул (18.30 часот)

Ливерпул веќе четири кола по ред нема пораз, а Петлите од Лондон имаат само една победа во последните седум лигашки мечеви, па Црвените влегуваат во битката како тим кој е во подобра форма и може да се каже дека се фаворити што го потврдуват и квотите. Ливерпул е тим кој има нешто повеќе дадени, но и нешто повеќе примени голови во споредба со Тотенхем. Последните пет меѓусебни дуели на овие тимови во Лондон беа голеади со погодоци на двете страни и минимум три гола. Во декември минатата година, мечот заврши 6-3 за Ливерпул.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.00)

 

1807 Лајпциг – Леверкузен (18.30 часот)

Лајпциг со поразот во минатото коло практично кажа збогум на шампионските амбиции, остана втор на табелата, но има девет бода помалку од Баерн Минхен кој ретко киксира, па сега на Црвените бикови им останува да се борат за место кое води во Лигата на шампионите. Баер Леверкузен е четврти, има три бода помалку од Лајпциг. Двата тима во просек даваат нешто над два гола по меч, па и тука може да се очекува ефикасен фудбал. Лајпциг ги доби сите досегашни официјални мечеви на свој терен сезонава.

Предлог тип:& 3+ (2.35)

 

3002 Јувентус – Рома (20.45 часот)

После 15 одиграни мечеви во Серија А, Рома уште нема играно нерешено, а на Јувентус секој трети меч му е реми, пет пати освоија по еден бод. Волчината е тим со најмалку примени голови во Серија А, само 8, и тоа ќе биде предизвик за Старата дама која има четири бодови помалку од тимот кој го пречекува вечерва во ова дерби. Кај Јуве кој нема пораз дома, ќе ги нема Влаховиќ, Милик, Гати и Копмајнерс кои би биле стартери. Рома пет години не славела на гости кај Јуве, тоа беше и последен пат кога паднаа повеќе од два гола во нивните меѓусебни дуели во Торино.

Предлог тип:& 1-3 (1.95)

 

1007 Евертон – Арсенал (21.00 часот)

Лидерот на Премиер лигата не е комотен на врвот, секој кикс може да значи пад на табелата, па нема да им биде лесно против непредвидливиот Евертон кој исто како и Арсенал, ретко игра нерешено. Арсенал ја има најдобрата одбрана, примија само 10 гола н 16 меча, но Карамелите не се многу ефикасни, дадоа 18 гола, послаб напад од нив имаат само Вулверхемптон и Нотингам форест. Арсенал уште од 1-во ноември чека гостинска победа во Премиер лигата, а во минатата сезона не успеа да го победи Евертон ни дома ни на гости.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.91)

 

1305 Реал М. – Севилја (21.00 часот)

Ова е последен меч за Реал во 2025 година и ситуацијата им е таква што мора да победат, а ќе бидат некомплетни со неиграњето на неколку повредени, суспендирани, и еден фудбалер кој е со својата репрезентација на Африканскиот куп на нации. Реал секако останува втор на табелата, но евентуален пораз од Севилја може да значи и разделба со тренерот Алонсо. Севилја е деветта на табелата, во последните три кола имаше по еден пораз, реми и победа. И Севилја има двајца Африканци кои вечерва нема да бидат со тимот во Мадрид. Традицијата е на страна на Реал, андалузијците не победиле на „Бернабеу“ уште од 2008 година.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.14)

- Оглас -

Најнови вести