Можни состави: Бугарија и Македонија со различни формации (Фото)

Почетокот на новата сезона во Лигата на нациите сакаше Македонија уште во првото коло да го има најтешкото гостување во групата, кај соседот Бугарија. Сепак, Црвено-жолтите најавуваат дека ќе одат на победа, нешто што е логично по добрите настапи во последните години.

Селекторот Благоја Милевски имаше одредени проблеми околу составот, го нема и капитенот Стефан Ристовски, кој е незаменлив стартер, па за вечерва од 18 часот во Разград веројатно на терен ќе испрати тим во формација 4-4-2.

Местото на Ристовски во дефанзивниот квартет се очекува да го заземе Кире Ристевски. Во средината одиме со четворица играчи, а напред ќе бидат Трајковски и Милан Ристовски, со Чурлинов и Елмас како испомош од втор план.

Што се однесува до нашиот ривал, најавите се дека во почетниот состав ќе има четворица членови на Левски, меѓу кои и голманот Николај Михајлов.

Најголема дилема кај бугарскиот селектор Јасен Петров е кој да биде во шпицот на нападот. Опциите му се Георги Минчев, Мартин Минчев или Атанас Илиев. Најголеми шанси му се даваат на Мартин Минчев од Славија Прага.

Во одбраната се близнаците Христови, а опасност ќе доаѓа од крилата Кирил Десподов од Лудогорец и Георги Миланов од Левски.

- Оглас -

Најнови вести