Два спектакли како најава за возбудлива нокаут-фаза во Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид го пречекува актулениот бранител Ливерпул, додека Светците од Париз гостуваат кај Борусија Дортмунд. Имињата и квалитетот на екипите се доволни да се предвиди дека ќе биде жешко на „Ванда Метрополитано“, односно на „Сигнал Идуна парк“.
Европскиот првак е комплетен кога станува збор за почетниот состав кој Клоп најмногу го користи. Како опција за можна замена не ќе може да смета на Ѓердан Шаќири, а од поодамна Нејтан Клајн е во аут.
Со проблеми се соочува колегата на Германецот, Диего Симеоне, кој пак за овој дуел на теренот ќе изнесе состав во кој ќе го нема најскапиот играч во клупската историја, Жоао Феликс, а поради повреди нема да играат Киран Трипие, Ектор Ерера и најверојатно Диего Коста.
Можни состави: Атлетико Мадрид – Ливерпул
Атлетико (4-4-2): Облак, Аријас, Фелипе, Савиќ, Саул, Томас, Коке, Љоренте, Витоло, Кореа, Мората.
Ливерпул (4-3-3): Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Салах, Фирмино.
Комплетни ќе бидат и Светците. Томас Тухел ќе располага со целиот напаѓачки потенцијал, а со Нејмар и Мбапе во нападот треба да игра Икарди, додека Кавани ќе чека шанса за настап од клупата. Предводникот на ПСЖ не смета само на дефанзивецот Дијало поради повреда, другите се подготвени.
Тоа не може да се каже за домаќините, тренерот Луцијан Фавр има голем проблем со фактот што ќе го нема лидерот на екипата, капитенот Марко Ројс. Ројс има повреда на бутниот мускул, подари слични причини не игра и Дилејни, а неизвесен е Брант.
Можни состави: Борусија Дортмунд – Пари Сен Жермен
Дортмунд (4-3-3): Бурки, Пишчек, Хумелс, Загаду, Гереиро, Џан, Вицел, Азар, Хакими, Санчо, Халанд.
ПСЖ (4-2-3-1): Навас, Мение, Маркињос, Тијаго Силва, Бернат, Геје, Верати, Ди Марија, Нејмар, Мбапе, Икарди.