Репрезентацијата на Македонија со дефанзивен состав ќе се обиде да извлече поволен резултат против актуелниот европски шампион Италија.
Очекувањата се дека селекторот Благоја Милевески ќе започне со тројца централни дефанзивци во одбраната Муслиу, Зајков и Манев. За десната страна ќе биде задолжен Ашковски, додека лево ќе оперира Алиоски.
Во отсуство на Аријан Адеми, последен играч за врска ќе биде Атанасов, додека Барди ќе биде задолжен за средината на теренот. Елмас и Трајковски ќе се обидат да му помогнат на Несторовски кој ќе биде осамен во нападот.
За разлика од Македонија, новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети, се очекува да го започне мечот со офанзивна формација и тројца напаѓачи.
На голманската позиција ќе биде незаменливиот Донарума, а пред него во одбраната Ди Лоренцо, Ромањоли, Бастони и Димарко. Средниот ред ќе го сочинуваат Барела, Тонали и Локатели.
Во нападот се очекува да започнат Политано, Имобиле и Закањи, кои ќе бидат задолжени да го загоразт нашиот гол.