13.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Можни состави: Милевски ќе игра со најдоброто што го имаме во моментов

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Кардиф ќе го игра последниот меч од квалификациите за СП 2026. Доколку успееме да останеме непоразени, тоа ќе значи и освојување на второто место и можност за релативно последен ривал во мундијалскиот плејоф.

На вакви натпревари нема експерименти, ниту пак калкулирање. Селекторот Благоја Милевски ќе го изведе на терен најдоброто што го имаме во моментов.

На голот ќе биде Столе Димитриевски, на страничните позиции ќе играат Бојан Илиевски и Стефан Ашковски, со оглед дека Алиоски е повреден и не е дел од експедицијата. Стоперскиот тандем треба да го сочинуваат Стојчевски и Зајков.

Копјата ќе се кршат во средниот ред, а таму Македонија треба да има најмалку четворица, во одредени периоди од мечот и петмина фудбалери. Исник Алими и Јани Атанасов, кој синоќа го одработи тренингот, ќе бидат спој меѓу одбраната и нападот, а пред нив ќе делуваат и Енис Барди, Тихо Костадинов и Елиф Елмас. Најистурен кон голот на Велс ќе биде Бојан Миовски.

Велшаните имаат проблеми со отсуствата на Ампаду и на Џејмс поради жолти картони, но, сепак, Крег Белами на располагање има квалитетен состав. Бренан Џонсон, крилниот напаѓач на Тотенхем, е главната опасност кон голот на Столе Димитриевски.

Во отсуство на Апмаду, капитен на тимот и креатор на играта во средниот ред треба да биде Хари Вилсон.

- Оглас -

Најнови вести