20.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Можни состави: Милевски ќе комбинира, фокусот е на Лихтенштајн (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија на неутрален терен во Прага, а очекувањата се дека селекторот Благоја Милевски ќе комбинира со составот, па не е исклучено да видиме и некој дебитант на тревникот на стадионот на Викторија Жижков.

Очекувањата се дека на голот ќе започне незаменливиот Столе Димитриевски, а дефанзивната линија би требало да ја сочинуваат Деспотовски, Зајков, Муслиу и Алиоски.

Во средниот ред Костадинов и капитенот Енис Барди, а Чурлинов и Елмас по крилните позиции. Во нападот задолжени да го загрозат голот на Арапите се очекува да бидат Миовски и Трајковски.

Слична формација како и нашата се очекува и од селекторот на Саудиска Арабија, Ерве Ренар. Најголема ѕвезда кај Арапите е Ал-Давсари, кој е и капитен на репрезентацијата, а на клупски план игра за Ал-Хилал. Останатите фудбалери се релативно непознати.

- Оглас -

Најнови вести