МОЖНИ СОСТАВИ: Милевски на терен ќе излезе со проверен тим кој знае како се победува кога сме фаворити (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација денеска стартува во квалфикациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Ова е нов циклус и нови предизвици, но Македонија е со проверени сили, како на теренот, така и на клупата.

Селекторот Благоја Милевски сигурно нема да сака да експериментира, иако против себе ја имаме една од најслабите селекции во моментов. Лихтенштајн најчесто игра во формација 3-5-2, па така треба да биде и денеска.

Македонија ќе се потпре на проверени сили и на теренот ќе ги испрати оние во кои Милевски најмногу им веруваше и во изминатиот циклус од Лига на нации. Со четворица играчи во дефанзивна линија, како и со Барди и Алими пред нив да даваат сигурност, Македонија треба да ја продолжи низата без примен гол.

Во креацијата на нападот, а потоа и задолжени за голови треба треба да бидат Елмас, Чурлинов, Трајковски и Миовски. Едноставно кој и да биде на теренот, треба да го даде максимумот и да придонесе за радост по последниот судиски свирен на теренот во Вадуц.

- Оглас -

Најнови вести