Македонската фудбалска репрезентација со голем оптимизам го чека денешниот дуел против Велс. Ова ќе биде пресметка од второто коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. И Македонија и Велс започнаа со победи на стартот, што значи дека овој меч е многу важен во трката за висок пласман на табелата.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, се очекува да направи една промена во однос на составот со кој го победивме Лихтенштајн. На десната бековска позиција се очекува доверба да добие Бојан Димоски, а на клупата да се пресели Серафимов.
Кај офанзивниот ред не треба да има промени, посебно ако се знае дека нападот добро функционираше во Вадуц и постигнавме три гола.
Велс со 3:1 славеше над Казахстан и се очекува селекторот Крег Белами да не прави измени од составот со кој настапи во Кардиф.