Македонија го пречекува Лихтенштајн во квалификациски меч за пласман на Светското првенство 2026. Велс со победата над Казахстан нѐ мина на табелата, па единствената опција против аутсајдерот е победа за враќање на првото место во нашата група.
Селекторот Милевски со офанзивен состав уште од првата минута ќе нападне против Лихтенштајн, а можниот состав се очекува да биде следниот. На голот ќе започне незаменливиот Столе Димитриевски. Во дефанзивата ќе бидат Алиоски, Муслиу, Зајков и Деспотовски, додека средниот ред би требало да го сочинуваат Елмас Барди, Костадинов и Чурлинов, иако Елмас и Чурлинов ќе имаат и офанзивни задачи и ќе треба да бидат од голема помош за Трајковски и Миовски.
За разлика од Милевски, селекторот на Лихтенштајн, Конрад Фунфстук, се очекува да започне со четворка во одбраната, но и збиен среден ред, се со цел да ги задржи нашите напади. Единствен во нападот на гостите се очекува да биде Ферхат Саглам.