Можно е Сити да добие жестоки санкции какви што трпи Челзи поради војната во Украина

Челзи може да не биде единствениот клуб во Англија што ќе добие жестоки казни од владата во Велика Британија поради руската инвазија во Украина. Во фокусот на вниманието сега е и Манчестер сити, и тоа поради состанокот на газдата, Шеикот Мансур, со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според Би-би-си, владата на Велика Британија била многу критична кон шеикот Мансур поради состанокот со сојузникот на Владимир Путин, Башар ал Асад.

Владата неодамна го замрзна имотот на газдата на Челзи, Роман Абрамович, клубот не може да биде продаден ниту да се прават трансфери. Останува да се види дали и Сити ќе ја доживее истата судбина.

- Оглас -

Најнови вести