Можно ли е да не се одигра мечот од Лигата на шампиони?

Уште не се завршени првите мечеви од осминафиналето во Лигата на шампиони, а веќе има ризик да не се игра еден реванш-меч. Се работи за дуелот Валенсија – Аталанта, а причина за неизвесноста дали овој дуел ќе се игра е смртоносниот Коронавирус.

Алатанта победи со убедливи 4:1 на првиот меч во Милано, а заменик-министерката за здравство во областа на Валенсија најави дека неизвесно е дали фудбалерите на италијанскиот тим ќе може да пристигнат во Шпанија за да го одиграат реваншот.

„Искрено не знам дали ќе смеат да дојдат. Тоа е тим кој е од Бергамо, а Бергамо е во Ломбардија. До 10 март има уште многу време, но ништо не се знае. Сепак се работи за град кој е во област што е прогласена како опасност од Коронавирусот. Одлуката треба да ја донесат двата тима, УЕФА, но и Министерството за здравство“, објасни заменик-директорката за здравство во областа на Валенсија, Хеменегилда Ваначола, во изјава за шпанскиот весник „Марка“.

Во областа Ломбардија има најголем број заразени од Коронавирусот, а оттаму започна ширењето на опасната болест низ цела Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести