Можно ли е да се појави кластер Португалија?

Кристијано Роналдо денеска беше позитивен на тестирањето за корона-вирусот и капитенот на Португалија започнува со изолација, која треба да трае најмалку 10 дена. Првата ѕвезда на Португалија сигурно ќе го пропушти репрезентативниот дуел против Шведска, а нема да игра ни на мечевите за Јувентус против Кротоне во Серија А и против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Засега нема најава дека и некој друг фудбалер на Португалија е позитивен, но постои опасност, посебно поради тоа што Роналдо до утрово нормално се дружеше со сите соиграчи. На синоќешната вечера, Роналдо дури направи и селфи со сите свои репрезентативни колеги, па постои страв да не се појават повеќе заразени играчи.

- Оглас -

Најнови вести