Можно ли е Де Бројне на 33 години да го договори најголемиот потпис во кариерата!?

Кевин де Бројне помина цели 10 сезони во дресот на Манчестер сити, а веќе следниот месец ќе биде слободен играч. Докажаниот белгиски интернационалец реши дека е време да најде нов предизвик и да си замине од Сити.

Де Бројне ќе биде слободен играч и без никакво обештетување ќе може да го одбере новиот клуб. Во изминативе неколку недели имаше многу шпекулации за тоа кајде може искусниот играч за врска да продолжи. Една од опциите е да замине во САД, но постои опција да остане и во Европа.

Се најавуваше дека Наполи, па дури и Ливерпул би сакале да го видат во своите редови, а сега стигнува вистинска бомба. Наводно, самиот фудбалер се понудил на Реал Мадрид, а Кралскиот клуб не го одбил.

Реал е познат како гигант кој сака да носи ѕвезди кои се слободни играчи, па така во краток период ги доведе Килијан Мбапе, Давид Алаба, Антонио Рудигер, а летово на „Сантијаго Бернабеу“ ќе дојде и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул. Токму затоа не е невозможна мисија, Реал да се реши да му понуди договор на Де Бројне, кој сигурно има уште што да покаже на светската сцена.

- Оглас -

Најнови вести