Можно ли е исто сценарио како во март? Се „заговара“ ли прекин во Премиер лигата!

Откако министерката за здравство во Италија најави дека ќе побара да стопира првенството во Серија А, слични најави стигнуваат и од Англија. Според англиските медиуми, постои опција во скоро време да се прекинат натпреварите во Премиер лигата. Сепак, ваквата драстична опција засега е само размислување, а натпреварите во Англија се играат без никаков застој.

Во Италија најголем проблем претставуваат 14-те заразени во Џенова. Клубот каде што настапува капитенот на македонската репрезнетација Горан Пандев потврди дека има 10-мина заразени фудбалери. Челниците на клубот побараа да биде одложен дуелот против Торино затоа што сите во Џенова се во карантин.

Во Шпанија, Германија и Франција засега немаат поголеми проблеми со корона-вирусот и мечевите одат според предвидениот распоред.

 

- Оглас -

Најнови вести