Можно ли е? Манчестер сити е најлошиот за изведување пенали кај премиерлигашите!

Манчестер сити одигра без голови на гостувањето во Дортмунд кај Борусија во мечот кој имаше можеби и најизненадувачки резултат од сите средби кои вечерва се играа во Лигата на шампионите. Иако се работи за два екипи кои негуваат напаѓачки фудбал, на крајот немаше голови, а сите по мечот делуваа задоволно.

Сити е сигурен во следната фаза, а Милионерите од Дортмунд го освоија посакуваниот бод на овој дуел. Гостите од Манчестер можеа и да победат, но Ријад Марез промаши пенал во второто полувреме.

Токму овој утнат удар од белата точка го прави тимот на Пеп Гвардиола најголем промашувач на пенали. Откако е почната сезоната 2016/17, Сити вечерва по 25-ти пат успеа да не погоди од пенал, што е најмнгоу од сите останати премиерлигаши во Англија.

- Оглас -

Најнови вести