Можно ли е? Милан ги интензивира преговорите за доведување на Трајковски

Александар Трајковски во Милан. Ова може да стане реалност бидејќи Росонерите повеќе од две недели се во обид за доведување на македонскиот репрезентативец. Ако тоа се случи, Трајковски ќе биде првиот Македонец во дресот на некогашниот европски и италијански првак.

За да го доведе Трајковски, Милан треба само да ги договори личните услови со фудбалерот кој сега е слободен играч. Трајковски во минатата сезона играше за Палермо, но откако клубот административно беше префрлен во Серија Д, сите фудбалери добија раскинување на договорот.

Ако се случи Трајковски да потпише за Милан, тоа би значело дека Македонија ќе има дури четворица играчи во Серија А. Засега со сигурност ќе ги гледаме Горан Пандев во дресот на Џенова, Илија Несторовски во дресот на Удинезе и Елиф Елмас во дресот на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести