Тенискиот свет беше шокиран кога шпанскиот играч Рафаел Надал објави дека неговата блескава тениска кариера завршува на крајот од оваа сезона. Две децении во кои Надал стигна до 1.080 победи и 92 титули, вклучувајќи импресивни 22 Грен слем победи, како и олимписки злато во сингл од Пекинг се доволен податок каков тенисер е Надал.
Освен тенисот, Надал е голем љубител на фудбалот, а негов омилен тим е Реал Мадрид. Секогаш кога има можност и слободно време, Надал е во ВИП ложата на „Сантијаго Бернабеу“ за да го бодри Реал Мадрид. Интересни се шпекулациите дека Надал во иднина може да биде и претседател на Кралскиот клуб.
Моментално на чело на клубот е Флорентино Перес, најуспешниот претседател во историјата на Реал Мадрид. Сепак, фактот дека Перес има 77 години, може да најави дека скора иднина може да дојде до замине на челната позиција, а некој велат дека токму Надал може да биде тоа.
„Ако ме прашате дали би бил возбуден доколку станам претседател на Реал Мадрид, секако одговорот е да. Би бил среќен, но тоа не е во моите планови за живот“, изјави еднаш Рафа во интервју за „El Objectivo de La Sexta“ додека се уште беше активен тенисер. „Ако животот ме стави во таа позиција и се исполнети сите услови, тогаш би го направил тоа. Јас сум голем фан на Реал Мадрид“, додаде тој. Тој, исто така, јасно стави до знаење дека никогаш нема да се кандидира против актуелниот претседател Перес, велејќи дека искрено се сомнева дека може подобро.
За да се стане претседател на Реал Мадрид потребни се да се исполнат неколку услови. Еден веќе Надал го исполни, а тоа е да не биде активен спортист. Вториот услов кој сам си го зададе е да не биде ривал на Перес во трка за претседател. Услов е и тоа дека мора да биде Шпанец и тој е исполнет.
Надал мора да има и 20 години стаж во клубот, што уште не е јасно дали е исполнет. Претседателот мора лично да обезбеди 15 отсто од годишниот буџет и тоа преку сопствени средства, колку што е можно преку инвестиции на деловни партнери и спонзори кои ги обезбедува. Сумата не е мала, но Надал би бил подготвен за такво нешто. Сезонава Перес има обезбедено околу 141 милиони евра, ако се знае дека вкупниот буџет на клубот е 940 милиони евра.