Можно ли е повторување на минатото: На Јувентус му се заканува ново Калчополи

Како што е познато, од пред неколку дена Јувентус е под истрага од страна на финансиската полиција од Италија.

Тимот од Торино се товари за лажирање на трансакции во вредност од 50 милиони евра, а осомничени се шест лциа, меѓу кој и претседателот Андреа Ањели.

Според медиумите од Италија, ако се докаже дека Јувентус со лажирањата на трансферите, создал бодовна предност пред ривалите, и има освоено титула, тогаш следува казна слична како Калчополи од 2006 година.

Ново испраќање во Серија Б, бодовна казна како и одземање на евентуални спорни титули, го следува Јуве доколку се докаже овој скандал.

Да не говориме за спонзорствата со компаниите кои што веројатно би ги раскинале договорите и би го тужеле овој тим за нивно нарушување на угледот, а тоа значи дека Старата дама тешко дека за брзо време би се вратила на старите патеки.

- Оглас -

Најнови вести