Можно ли е – Селтик е на прагот на тројна круна, а ќе го отпушти тренерот

Селтик е на прагот да ги освои сите три титули во Шкотска, но и тоа може да биде недоволно Нил Ленон да остане на досегашната позиција тренер на Келтите.

Во сабота Селтик ќе игра со Хартс во финалето на националниот куп на Шкотска и ако победи на „Хемпден парк“, ќе освои тројна круна.

И веднаш потоа се најавува разделба со менаџерот што ги доведе до подвиг, па Нил Ленон, според информациите на шкотските медиуми, ќе биде заменет со Рој Кин.

Легендата на Манчестер јунајтед е најсериозен кандидат за наследник на Ленон на клупата на најтрофејниот шкотски клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести